Варијанти/Бои:
AI детекција на форма на тело
18 модови - 6 техники
Греење на грб до 45°C
Истегнување на нозе
LCD Екран - Bluetooth HIFI Звук
Zero Gravity
Цена: 2100€ +ДДВ
Достапност:
Достапно Веднаш!
BL-8 масажната столица е совршен избор за сите оние кои сакаат да уживаат во врвно релаксирачко искуство и притоа да го збогатат својот дом со луксузно и модерно парче технологија. Со помош на вештачка интелегенција столицата се прилагодува на телото на корисникот со што обезбедува прецизна масажа, додека греењето на грбот до 45°C нуди и дополнителна удобност. Ролерите и воздушните перничиња овозможуваат длабока масажа на критичните точки, а со 18-те модови и 6 масажни техники, столицата ве допира и на најскриените точки на вашето тело. LCD екранот заедно со Bluetooth звучниот систем нуди одлично релаксирачко искуство, кое преку лесните команди можете лесно да го прилагодите според вашите вкусови.
Овој луксузен масажен стол користи вештачка технологија AI со која го скенира вашето тело, обезбедувајќи прецизна масажа за максимална релаксација. Благодарение на неговата способност да го истегнува телото и листовите, столот го намалува напрегањето и го подобрува чувството на леснотија. Со функциите за масирање и тапкање, се обезбедува длабока и прецизна масажа на критичните точки на телото и се постигнува ефект на вистинска масажа, како да е изведена од професионален масер.
Овој масажен стол нуди пет автоматски режими, секој од нив дизајниран да одговори на различни потреби за релаксација и терапија. Со можност за избор на повечето техники, столот ви овозможува да ја прилагодите масажата според вашите преференции. Без разлика дали сакате нежна масажа за смирување на телото, среден интензитет за ослободување на мускулното напрегање, или длабока терапевтска масажа за опоравување, овој стол ќе ви го обезбеди токму тоа.
Zero Gravity функцијата е дизајнирана да го постави телото во позиција каде што ногата и грбот се во совршена рамнотежа, намалувајќи го притисокот врз 'рбетот и зглобовите. Оваа позиција ја симулира состојбата на безтежинска состојба, што овозможува подобра циркулација на крвта, намалување на стресот и опуштање на мускулите. Како резултат на тоа, функцијата нулта гравитација овозможува длабока релаксација и подобрување на целокупното здравје, претворајќи го секое користење на столот во терапевтско искуство.
BL-8 е совршен за оние што бараат персонализирана грижа во удобноста на својот дом. Со 18 автоматски режими, секој со посебни интензитети, столот овозможува избор што одговара на вашите потреби – од нежна релаксација до длабока терапија.
Со BL-8 нема повеќе потреба од скапи масажи – овој стол ќе ви ги донесе професионалните третмани директно во вашата дневна соба. Инвестирајте во своето здравје и добросостојба и дозволете му на овој масажен стол да стане ваш секојдневен извор на релаксација и удобност.
BL-8 столицата за мазажа е достапна веднаш и тоа исклучиво во црна и бела-крем варијанта.
Цена: 2,100.00€ + ДДВ.
Оставете го тоа на тимот на Масажери.мк
Направете промена во вашиот живот
Инвестирајте во вашето